28.02.2022

Тренчевска се сретна со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип: Се уверив дека социјалната заштита се обезбедува онаму каде е најпотребна

Грижата за нашите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик е наш приоритет. Системот на социјална заштита во државата има капацитет да го згрижи секое семејство, секое лице, кое ќе се најде во социјален ризик, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, по средбата со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип. 

Според министерката Тренчевска  социјалните мерки за грижа на ранливите категории, кои ги користат семејствата, уште еднаш покажуваат дека Владата и МТСП го постигнуваат она за што се залагаат, а тоа е корисниците на социјалните права и услуги да имаат побезгрижни денови исполнети со спокојство.

„При средбата со Анастасова, која има 15 годишна ќерка со попреченост Викторија, се уверив дека социјалната заштита се обезбедува онаму каде е најпотребна. Семејството е корисник на посебен додаток, користи и детски додаток и додаток за образование, бидејќи малата Викторија оди на училиште во посебната паралелка при училиштето „Ванчо Прќе“, а редовно го посетува и Дневниот центар за интелектуална или телесна попреченост. Мајката Васка работела со скратено работно време, но поради економската криза предизвикана од пандемијата, сега како невработена е корисник на паричен надоместок  од Агенцијата за вработување. Таа преку мерката за обуки за лична асистенција  се преквалификува, со што семејството ќе излезе од социјален ризик. Анастасова е дел од втора група составена од 10 лица, кои се обучуваат за лични асистенти. Десет наши граѓани веќе ја завршија обуката и добија сертификат за личен асистент. Сега преку ЈУ МЦСР Штип и Црвениот крст ја даваат услугата - лична асистенција на лицата на која им е најпотребна“, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека и во семејството Зејнелови мерките даваат резултати, и дека со нивно реализирањето како дел од социјалните реформи, се дава важен придонес во зајакнување на човечкиот потенцијал, толку неопходен за успехот на едно општество.

„Ние како Влада и како министерство за труд и социјална политика ќе продолжиме во изнаоѓањето на нови мерки за да можат овие семејствата да се вклучат на пазарот на трудот. Семејството на Неџат и Мирвет Зејнелови е корисник на ГМП бидејќи и двајцата се невработени. Неџат кој е пекар по професија, по затворањето на пекарата во која работел долги  години, останува без работа. Тој преку програмата на „Општинско корисна работа“, работи со скратено работно време како дел од Патронажната служба за изнаоѓање на невакцинирани деца на терен во ромските населби.  Приходите за оваа дополнителна активност на Неџат не го исклучува правото  на користење  на ГМП“, рече Тренчевска.

Министерката Тренчевска посочи дека и со новиот Оперативен план за 2022 година Владата обезбеди мерки за лицата кои користат ГМП и за невработените лица, бидејќи тие придонесуваат трајно излегување од оваа категорија затоа што  корисниците преку вклучување на пазарот на трудот си обезбедуваат сопствената егзистенција.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }