14.02.2022

Тренчевска се сретна со претставници на Занаетчиската комора 

Министеркатa за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Занаетчиската комора. На средбата, информираа за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение недела неработен ден и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите, и одредени пекарски и слаткарски производители. Според нив со работа во недела на одредени занаетчиски дејности, ќе се овозможи да се заштитат и интересите на занаетчиите и на државата од сивата економија. Министерката Тренчевска посочи дека министерството ќе го разгледа предлогот на Занаетчиската комора.  

„Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како министерство ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92% од работниците да не работат во недела, а оние 8% кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да се прекине во недела да добиваат 50% повисока дневница“, рече Тренчевска. 

Законското решение недела неработен ден започна да се имплементира од почетокот на годинава. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }