02.02.2022

Тренчевска – Саити: Ќе ја продлабочиме соработка во интерес на граѓаните

Во интерес на граѓаните Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе ја продлабочи соработката со Црвениот крст, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба со претседателот на Црвениот крст Саит Саити. На работниот состанокот беа разгледани досегашните и идни заеднички проекти, како што се едукација на возрасни за лична асистенција на лица со попреченост и за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

„Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Република Северна Македонија се партнери во тригодишниот проект ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“, поддржан од Европската Унија преку програмата „Вработување и социјални иновации – ЕаСИ“. Со  овој проект го подобруваме пристапот до соодветна и прифатлива нега за старите лица кои заради когнитивни или функционални нарушувања имаат потреба од нега“, рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека и со услугата наречена „Итно копче“ корисниците на лесен и ефективен начин би можеле да добиваат помош при итни случаи и во домот и надвор, доколку има потреба од итна медицинска помош.

Според Саити соработката на Црвениот крст со МТСП  е клучна во остварувањето на мисијата на организацијата. Тој информираше дека проектот  лична асистенција за лицата со попреченост и помош на старите лица кое го води МТСП, на терен успешно се спроведува.

„Во моментов работиме на поддршка на лицата со попреченост  преку личната асистенција, а проектот  нега на старите лица солидно се шири меѓу граѓаните.  Оваа услуга засега се спроведува во 8  до 9 општини, а дополнително со поддршка од Светска банка услугата на граѓаните им ја овозможувам уште во  7 до 8 општини. Услугата е многу добро прифатена“, рече Саити.

Двајцата соговорници се согласија дека Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст несебично се вложуваат во процесот за подобрување на состојбите на лицата на кои помошта им е најпотребна.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }