25.02.2022

Тренчевска: Преку успешен дијалог до подобрување на работничките права и развој

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Бизнис Конфедерацијата на Македонија. На средбата се разговараше за успешниот дијалог во Економско социјалниот совет во контекст на покачувањето на минималната плата на 18.000 денари. Претседателот на Бизнис Конфедерацијата Миле Бошков ја информираше министерката Тренечевска за потребата од измени на Законот за работни односи, во делот на флексибилно работно време, што ќе биде и првиот чекор кон воведување на колективно договарање. Министерката посочи дека новото законско решение со кој се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите е резултат на дијалог со сите засегнати страни.

„Законот за работните односи го носиме во партнерски однос со бизнис заедницата, синдикатите, работодавачите, се со цел ова законско решение да одговори на реалните потреби. Со законот обезбедуваме модерни решенија кои ќе ги примениме при неговото имплементирање“, рече Тренчевска. 

Според Бошков социјалниот дијалог на Економско социјалниот совет е сериозно подобрен, бидејќи се слуша и гласот на бизнис заедницата, која според него има потреба од одредени даночни олеснувања. Тој посочи дека со уважување на мерката за субвенционирање на придонесите на платите на речиси 15.200 работници, Владата покажала отвореност за соработка со бизнис секторот што го охрабрува бизнис секторот на следната седница на ЕСС да излезе со предлог - мерки за надминување на енергетската криза. 

Бошков на министерката Тренчевска и подари Плакета за успешна соработка меѓу бизнис Конфедерација и МТСП.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }