15.02.2022

Тренчевска: Преку ИПА проектите за предучилишно образование и сузбивање на неформалната економија го унапредуваме животот на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со експертите ангажирани на два ИПА проекти, од кои едниот е во областа на предучилишно образование, а другиот неформалната економија од областа на трудот.

На средбата експертите кои работат на проектите ги презентираа досегашните реализирани активности и постигнати цели, како и плановите за нивно финализирање.

Проектниот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа„ финансиран од  Акциската програма ИПА 2017.Е.информираше за досегашните активности. Притоа беа посочени, активности и реализирани работилници за над 1100 практичари кои се однесуваат на модернизација на професионалниот и кариерен развој на вработените во предучилишните институции, активности и учество на 180 практичари, за ревидирање на моделот на лиценцирање и релиценцирање на стручните лица во предучилишно образование и активности за зајакнување на родителското учество во предучилишното образование. Исто така, реализирани дизајнирани обуки за сензибилизирање и обука на вработени за работа со родители, при што е изработен и Прирачник со работни материјали.

Со вклучување на сите засегнати страни и вработените во градинките и родителите, целта на овој проект е да се потенцира важноста на  сите актери во процесот на предучилишното образование , како унапредување на професионалните компетенции на стручниот кадар, така и родителите, со единствена цел да се подигне квалитетот на предучилишното образование на едно повисоко ниво, од кое придобивка ќе имаат децата.

„Предучилишното образование е клучно за правилен развој на децата. Покрај инвестирањето во изградба на нови градинки, исклучително е важно и зајакнувањето на компетенциите на стручниот кадар во градинките и активното вклучување на родителите. На тој начин се стимулира раното учење и развој на децата со посебен акцент на инклузијата на децата со посебни образовни потреби. Оттука и значењето од имплементирање на проекти како овој, кои имаат за цел подигнување на свеста и нивото за значењето на предучилишното образование,“ рече министерката Тренчевска. 

Од страна на тимот кој работи на проектот „Подобрување на условите за работа, исто така беа презентирани досегашните активности  и проекциите до крајот на проектот. Овој проект воедно го подржува реализирањето на Програмата за економски реформи, Програмата за реформи во образованието и социјалните политики и Националната стратегија за формализација на неформалната економија 2018-2022 година, особено исходите поврзани со мерење на неформалната економија и поттикнување на преминот кон формална економија.

Тимот информираше дека работи на воведување и тестирање на процедурите и законската регулатива во секторите каде има најчеста појава на привремени и повремени работи и каде  постои најголема веројатност од непријавена работа. Како и дека во план е и кампања за подигнување на свеста за штетните ефекти од неформалната економија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }