11.02.2022

Тренчевска: Посветени сме граѓаните од ранливите групи целосно да ги остварат правата на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на невладината организација на жени Ромки од Шуто Оризари. Тие на средбата ги изнесоа потребите и предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки во делот на остварувањето на социјалните права, правото на лични документи на лицата без државјанство, за недостаток од матичен гинеколог, вработување по етички клуч и за носењето на новата Национална стратегија за Роми 2022-2030. Министерката Тренечевска посочи дека системот на социјална заштита е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик.

„Како ресорно министерство и како Влада целосно сме посветени, сите граѓани да имаат еднаков пристап до правата и услугите. Посветени сме ранливите групи на граѓани целосно да ги остварат своите права на сите социјални услуги што ги креиравме во изминатиот период, како што се правото на детски додаток, гарантираната минимална помош, здравствената заштита на жената Ромка,“ рече Тренчевска.

На 24 февруари Министерството за труд и социјална политика,  заедно со Делегацијата на ЕУ, Секретерјатот за европски прашања, со техничка поддршка на РЦЦ ќе се одржи семинар за Роми и Роми бегалци, на кој ќе биде презентирана и новата Национална стратегија за Роми. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }