11.02.2022

Тренчевска оствари средба со претставници на Синдикатот на Рудникот Бучим

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот од Рудникот Бучим. Тие информираа дека бараат утврдување на нови работни места со бенифициран стаж.

Министерката Тренчевска посочи дека Комисијата за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, при МТСП наскоро ќе ги разгледа барањата за утврдување на работните места со бенифициран стаж.

„Комисијата која е формирана во декември минатата година многу скоро ќе почне да ги разгледува барањата за бенифициран стаж. Во одреден рок ќе треба да ги разгледа предметите пристигнати во Министерството за труд и социјална политика,“ рече министерката Тренчевска.

Според Синдикатот на Рудникот Бучим барањата за бенифициран стаж, се оправдани бидејќи дел од работниците работат во тешки услови. На средбата беше и претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија Дарко Димовски, кој рече дека синдикатите сметаат дека треба да се разгледа тежината на условите на работните места.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }