18.02.2022

Тренчевска - Која: Поддршката од Мисијата на ОБСЕ важна за реализирање на започнатите и на новите проекти

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која на која се разговараше за родовата еднаквост, недискриминацијата, инклузијата на ромската заедница, за капацитетот на администрацијата. Министерката Тренчевска посочи дека соработката со ОБСЕ е многу значајна во имплементацијата на проектите и дека очекува таа да продолжи.

„Еден од моите приоритети е до крајот на годинава да го донесеме Законот за родова еднаквост. Работната група ќе го унапреди  текстот на законот, за успешно да го имплементираме. Ќе ги јакнеме капацитетите на жените и во јавната администрација, за да можат да се справат со предизвиците во работењето и да се стекнуваат со вештини со кои сами ќе се изборат за повисоки позиции во администрацијата. Со новиот Закон за буџети, кој ќе го донесеме, веќе ги направивме првите чекори за повидлива родова еднаквост, бидејќи во креирањето на стратешките документи ќе биде вклучена и родовата компонента “, рече Тренчевска.

Од страна на Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клемент Која беше изразена поддршка на законски решенија кои треба да бидат донесени во следниот период. Исто така, се разговараше и за започнатиот процес на регистрирање на лицата без лични документи кои најчесто доаѓаат од ромската заедница, за Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, која се фокусира на осум области за кои ќе бидат изработени акциски планови и за Оперативниот план кој предвидува мерки за активација од кои се очекува Ромите кои примаат гарантирана минимална помош да излезат на пазарот на трудот.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка во сите сегменти кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика во насока на заштита на граѓаните и нивните социјално економски права.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }