03.02.2022

Тренчевска-Григоријан: Продолжуваме со реализација на проектите за  социјалните реформи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан на денешната средба разговараа за проектите кои треба да бидат реализирани во текот на оваа година. Министерката Тренчевска потенцираше дека УНДП е еден од најзначајните партнери бидејќи со години наназад дава поддршка за реализација на социјалната реформа во државата која овозможува поголема заштита на ранливите групи на граѓани. Таа информираше и за новите мерки од Оперативниот план за 2022 година.

„Наскоро ќе ги промовираме мерките од новиот Оперативен план за 2022 година, за да можат граѓаните што поскоро да аплицираат. Тие се наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да добијат стручни квалификации според барање на работодавачите, практиканство, обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата и други. Со нив придонесуваме граѓаните да имаат сигурен влез во системот на социјална заштита и активирање на пазарот на трудот“, рече Тренчевска. 

Според Тренчевска, МТСП во наредниот период  ќе работи на  одржливост на мерките на локално ниво  и на јакнење на тимовите  кои работат на деинституционализацијата. 

Постојниот претставник на УНДП Григоријан најави нови стимулативни мерки за вработување и самовработување кои ќе бидат активна поддршка на Оперативниот план за 2022 година. Тој нагласи дека за УНДП е значајна социјалната инклузија на Ромите, на лицата со попреченост, старите лица, децата на улица итн.

„УНДП  ќе продолжи да ги  поддржува  проектите на МТСП за подобрување на социјалните права на сите граѓани во државата. Ќе останеме близок развоен партнер на Северна Македонија, рече Григоријан.

Тренчевска и Григоријан изразија задоволство што соработката не изостанува  и во другите области од сферата на социјалните реформи за кои се залага Владата.

Меѓу успешно реализираните услуги со поддршка на УНДП е и аудио читачот на македонски и албански јазик за лицата со оштетен вид.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }