24.02.2022

Тренчевска: Целосна инклузија на Ромите во општеството е обврска на која заедно работиме

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го отвори дводневниот работен состанок за социјално вклучување на Ромите во Република Северна Македонија, на кој присуствуваа претставници на Владата, Парламентот, меѓународни и граѓански организации.

Министерката истакна дека потпишувањето на Декларацијата за интеграцијата на Ромите  од страна на Премиерите на државите од Западен Балкан, ја потврдува  подготвеноста на земјите во регионот за заедничка соработка во иницијативата на вклучувањето на Ромите во рамките на процесот на проширувањето на Европската Унија.

„Стратегијата за Роми во Република Северна Македонија е потврда за нашите заложби за изградба на кохезивно општество кое се стреми кон континуиран економски и севкупен одржлив развој. Општество во кое граѓаните независно на која етничка заедница и припаѓаат, се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој и напредок,“ рече Тренчевска.

Согласно потпишаната Познан Декларација и превземените обврски кои произлегуваат од неа, Владата на Република Северна  Македонија преку ресорните министерства имплементира Проекти и законски решенија во постигнувањето на конкретни цели  во одредени области како што се: образованието, вработувањето, домувањето и обезбедување на лични документи за лицата кои не ги поседуваат истите.

Министерката посочи дека, вклучувањето на 400 деца Роми во процесот на предучилишно образование кои бесплатно престојуваат во градинките, 700 стипендии на средношколците Роми на годишно ниво, високата стапка на вработеност на Роми во државната и јавна администрација, област во која нашата држава е пред сите останати во регионот, поддршка во домувањето, во смисла на легализација на нивните домови се дел од реализираните цели на кои министерството заедно со партнерите работеше изминатиов период.

Таа истакна дека во подготовка е и нов Закон за домување во кој ќе содржи посебен дел Социјално домување. Како и дека имплементирањето на проектите финансирани преку  ИПА II Годишната акциска програма за 2019 „ЕУ за вклучување” имаат за цел на допринесат за намалување на сиромаштијата во земјата и подобрување на социјалното, образовното и економско вклучување на луѓето кои припаѓаат на најранливите групи.

„Република Северна Македонија во наредниот период се подготвува за спроведување на зелена и дигитална агенда. Вклучувањето на Ромите  во дигиталната агенда го гледаме пред се во подигањето на пристапот кон дигиталните средства, дигиталната писменост, поддршка на децата Роми во областа на образованието, пазарот на труд во смисла на стекнување и користење соодветни вештини, како и поддршка на Ромите претприемачи за дигитализација на нивните дејности. Во областа на зелената агенда, Ромите ќе  бидат вклучени во циркуларната економија, со трансформацијата на системите за управување со разните видови отпад и други ресурси, ќе се појават и нови можности и нови работни места. Економската ефикасност на домовите на граѓаните треба да почне од најранливите групи, вклучително и Ромите, а нив ќе ги вклучиме и во иновативните модели за обновлива енергија,“ рече Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }