25.02.2022

Министерството за труд и социјална политика посветено работи на подготовка на нов Закон за вработувањето на лица со попреченост, презентиран Извештајот „Анализа на регулативата, пристапите и методите при вработување на лица со попреченост“

Извештајот за состојбата со вработување на лицата со попреченост во Република Северна Македонија насловен како „Анализа на регулативата, пристапите и методите при вработување на лица со попреченост“, кој е дел од проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализација на социјалните услуги“, беше презентиран на денешната тркалезна маса „Премостување на јазот - Вработување на лица со попреченост“. За потребите на Министерството за труд и социјална политика проектот  го спроведува Ептиса, со финансиска помош од Европската унија.

На презентацијата на Извештајот посебниот советник во Министерството за труд и социлана политика Наташа Димеска, рече дека унапредувањето на инклузијата на лицата со попреченост во општеството е  долгорочен приоритет на Министерството.

„Во современиот свет во кој живееме, сите ние, како граѓани, како луѓе, клучниот придонес за заедницата го даваме на работното место – преку вработување или вршење дејност што ни обезбедува приходи. Оттука, вработувањето на лицата со попреченост може да се земе како врвен показател за нивната севкупна вклученост во едно општество. Министерството за труд и социјална политика подолго време посветено работи на подготовка на нов Закон за вработувањето на лица со попреченост, како и на нов Закон за работните односи, во кои приоритет ќе биде вградување на системски решенија за унапредување на инклузијата на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот. Подготвени сме преку партиципативност, вклучување на експерти, активисти, лица со попреченост и нивни граѓански организации, претставници на бизнисот да ги идентификуваме најдобрите модели. Ќе отвориме и јавна дебата, рече посебниот советник во МТСП, Наташа Димеска.

Димеска посочи дека и социјалните услуги придонесуваат за подобрување на вработливоста и вработувањето на лицата со попреченост.

Во Извештајот се посочува дека е потребна поголема заштита на лицата со попреченост и во делот на превенцијата, откривањето и санкционирањето на можните злоупотреби на Законот за вработување на инвалидни лица, како и поголема информираност и јакнење на свеста за потребата од инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот.

„Законските одредби за работно оспособување на лицата со попреченост треба да се ревидираат. Треба да се промени и терминологијата во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, која се користи за утврдување на категориите на попреченост, да се усвои нов Правилник за степенот на попреченост на лицата во ментален или телесен развој од аспект на модернизирање на пристапот. Правото на професионална рехабилитација за инвалидите на трудот да не се врзува со возраста (50 години) на корисникот“, пишува во Извештајот.

 

За можностите за нови пристапи за вработување и работа на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот дискутираа раководителот на операциите 2 во Делегацијата на ЕУ Александру Албу и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати. Извештајот за состојбата со вработување на лицата со попреченост го презентираа професорките Сузана Борнарова и Наташа Богоевска.

Говорниците заклучија дека останува потребата за понатамошни подобрувања, решавање на различни прашања и предизвици, континуирана адаптација кон новонастанати околности во областа на социјалната заштита и усвојување на подобрени форми на заштитено вработување врз основа на искуствата од развиените европски земји.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }