27.12.2022

Тренчевска: Отворени две сензорни соби според потребите на корисниците во Кривогаштани и Крушево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска отвори две сензорни соби.

Едната сензорна соба беше отворена во с. Обршани, Кривогаштани која беше изработена точно по мерка на корисниците во консултации со стручните лица кои досега работеле со децата. Додека другата сензорна соба беше отворена во градинката „Гонџа Туфа“ во Крушево. Сензорните соби се отворени со поддршката на Кинеската Амбасада.


Министерката во посетата на градинките ја истакна важноста на инклузивните градинки и овозможувањето на еднакви можности за сите деца. Во таа насока таа им подари на градинките со цел збогатување на нивните библиотеки, инклузивни сликовници со брајово писмо. Таа истакна дека во иднина Министерството ќе продолжи да вложува во изградбата на вакви градинки.


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }