21.12.2022

Тренчевска: Градиме инклузивни градинки со можности за сите деца 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски  го отворија новиот објект „Црвенкапа“ што е во склоп на Јавната детска установа „Срничка“. Со новата доградба капацитетот на градинката се зголеми за 210 деца.

„Како Влада и ресорно министерство во чија надлежност е детската заштита, зголемувањето на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование за нас претставува приоритет. Затоа што вложувањето во квалитетно воспитание и образование е од огромно значење за правилниот раст и развој на децата и одлична подготовка за почетокот во основното образование. Секако важен е и моментот на социјализација на децата и стекнувањето на навики кои се многу значајни за понатамошниот живот на секоја индивидуа“, рече Тренчевска.

Министерката се осврна и на инклузивноста на градинките и посочи дека во градинките се применуваат програми за учење низ игра за децата соодветни на нивната возраст и приспособени на модели кои будат интерес кај сите деца.

 „Друг аспект на важноста од проширувањето на опфатот на деца во предучилишното воспитание и образование е и можноста за активирање на нивните родители на пазарот на труд , а со тоа и зајакнување на финансиската состојба на семејствата и подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката.

Тренчевска во оваа пригода им подари на градинката инклузивни сликовници со брајово писмо приспособени за деца со оштетен вид со цел зголемување на можностите за едукација во градинките за сите деца.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }