02.04.2022

Тренчевска за ТВ ВИС: Ја менуваме поддршката на граѓаните преку воведување на нови социјални сервиси, ги повикувам општините да аплицираат

„Општините најдобро ги знаат потребите на своите граѓани, а ние како министерство сме тука да ги поддржиме. Во Струмица се прави мапирање на потребите на нивните граѓани и тоа треба да го направи секоја општина, да мапира и аплицира до министерството за поддршка, да развива социјални услуги на локално ниво, од кои директна придобивка имаат оние на кои поддршката им е неопходна“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за ТВ ВИС.

Министерката Тренчевска информираше дека крајот на 2021 година на јавниот повик, од општините кои аплицирале 22 проекти за давање на социјални услуги се одобрени. Во 18 општини се веќе воспоставени социјални сервиси, а останатите 4 се во тек на воспоставување.

Таа рече дека за развој на социјалните услуги аплицирала и Општина Струмица која заедно со Општинската организација на Црвениот крст ја развија услугата помош и нега во домот, а паралелно ја развија и услугата за лична асистенција. Овие услуги се развија и со Општините Ново Село и Василево. Она што е исто така е за поздравување е дека во рамки на Црвениот Крст е отворен лиценциран тренинг центар за обука на негователи и лични асистенти, што отвара шанса за невработени граѓани од овој регион да добијат обуки и да се вработат во делот на испораката на социјалните услуги.

Министерката информираше дека, во наредниот период ќе се објави нов јавен повик за воспоставување на дополнителни услуги во 10 општини на територијата на Република Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }