14.04.2022

Тренчевска: Секоја иницијатива за помош на ранливите категории граѓани е добредојдена, „Банка за храна“ е позитивен пример кој треба да се следи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и дел од претставниците на граѓанската организација „Банка за храна“, доделуваа пакети со основни прехранбени артикли за корисници на гарантирана минимална помош, две згрижувачки семејства и два групни домови на деца со попреченост. 

Министерката Тренчевска истакна дека за Владата и Министерство за труд и социјална политика, грижата за ранливите категории  е приоритет. Согласно концептот едно општество за сите, сите граѓани имаат еднакви можности и еднаков пристап до ресурси во општеството.

Таа се осврна на социјалната реформа која донесе бројни придобивки за граѓаните и семејствата од социјален ризик. Зголемена гарантираната минимална помош за 300%, детски и образовен додаток, проширување на опфатот на деца со овие права и социјалната пензија.

Министерката потсети дека во време на светска криза, беа креирани антикризни пакети кои вклучуваат финансиска поддршка од 1000 денари за три месеци за околу 36.000 граѓани од ранливите категории и  330.000 пензионери во државата. А истовремено, минималната плата порасна на 18.000 денари.

„Како министерство, ја поддржуваме секоја иницијатива на граѓанскиот сектор која е насочена кон помош на ранливите категории на граѓани. Таква хумана иницијатива е и доделувањето на пакети од основни прехранбени артикли и хигиенски пакети која ја реализира организацијата „Банка за храна„  во соработка со Општина Центар и поддршка во донација од поголемите маркети во државата. На овој начин заеднички влијаеме на подигнување на свеста за општествената одговорност, ја зајакнуваме свеста на локалната заедница за значењето на средината во која ќе има помалку гладни лица и на овој начин  ја иницираме хуманоста и помагањето на социјално загрозените лица за понатамошни хуманитарни акции за помош на овие лица,“ рече Тренчевска.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, рече дека потребата од помош и поддршка особено на оние кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, е голема, особено по двегодишната пандемија и неодамнешното покачување на цените.

„Со акцијата „Нула Глад“, која ја спроведуваме во континуитет, сакаме уште еднаш да покажеме дека секој еден жител ни е важен, воедно помагајќи им на граѓаните за полесно да го поминат месецот, без страв за нивната егзистенција.

Тој се заблагодари на сите вклучени во оваа благородна акција, на маркетите кои секој месец донираат храна и производи, на Банката за храна и претседателот Душко Христов, и на целата екипа вклучена во проектот, без кои оваа акција немаше да биде остварлива.

Исто така изрази благодарност и до Министерството за труд и социјална политика, за одличната соработка, во таргетирањето на социјално загрозените лица и семејства, со цел помошта да стигне таму каде навистина е потребна.

Иницијативата на граѓанска организација „Банка за храна“ во соработка со Општина Центар се реализира неколку години наназад и во денешно време обезбедува околу 150 пакети месечно за приматели на ГМП, две згрижувачки семејства, два мали групни домови за деца со попреченост и околу 150 пензионери.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }