14.04.2022

Тренчевска: Работиме на надминување на предизвиците и овозможување на пријатни услови за живот и остварување правата на бегалците од Украина

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Здружението на Украинци во Македонија. На средбата се разговараше за статусот на бегалците од Украина кои доаѓаат во Северна Македонија, кои се нивните права и можности при престојот тука.

„Како држава одговараме согласно Законските одредби, прво е потребно луѓето да се здобијат со статус. Со нивна одлука тие можат да се стекнат со статус на привремена заштита или да поднесат барање за азил“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика е дел од координативниот штаб во справување со предизвиците со кои се соочуваме во однос на бегалците од Украина.

„Целта како министерство ни е да ги овозможиме основните човекови права како што се образование, здравствена заштита и право на вработување. Секој бегалец може засебно да се пријави во релевантните институции и да ги помине потребните постапки за да се стекне со правата кои законски им следуваат,“ изјави Тренчевска.

Министерката истакна дека Владата и Министерството се залагаат за обезбедување на сите човекови права за оние што се во незавидна позиција.

Здружението изрази благодарност за можноста да разговараат со Министерката и да добијат одговори на нивните прашања.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }