04.04.2022

Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица, домовите да бидат пријатно место за живеење 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението за социјална заштита на стари лица „Се Грижам“.

На средбата се разговараше за измени и дополнување на Правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица. 

Тренчевска истакна дека министерството ќе работи на прифатливи решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат домовите кои имаат добиено дозвола за работа за да може да се одржи нивното функционирање.

„Во периодот што следи ќе го разгледаме Предлог правилникот на веќе постоечките установи за згрижување на стари лица и ќе обезбедиме временски период на усогласување на домовите со нормите на правилникот за да обезбедиме одржливост на установите,“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека општите стандарди на сите домови треба да бидат исполнети, со цел да се одржат домовите како пријатни установи кои добро ќе влијаат на психосоцијалниот живот на старите лица.

На крајот од средбата Здружението се заблагодари за можноста да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат приватните установи за стари лица во Република Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }