04.04.2022

Тренчевска: Преку градење на читачки навики и љубов кон книгата, придонесуваме во изградбата на успешна младина која е иднината на државата 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на отворањето на првата детска библиотека во градинката Пчелка 1, при ЈОУДГ„ Буба Мара“, Општина Аеродром. Библиотеката се отвора во знак на одбележување на Светскиот ден на литературата за деца – „Спознај го светот преку книгата“.

Министерката Тренчевска потенцираше дека вложувањето во правилниот детски раст и развој е особено значаен, затоа што тоа претставува и влог во иднината на сите граѓани.

„Вложувањето во зајакнување на капацитетите на децата, во стекнувањето на вештини, поттикнување на нивната љубопитност и желба за знаење од најрана возраст, директно придонесува за нивната успешност во понатамошниот живот“, рече Тренчевска.

Таа ја поздрави оваа иницијатива и посочи дека ова е позитивен пример кој треба да го следат сите детски градинки, затоа што на овој начин, се гради посебен однос и љубов на децата со книгите.

„Читањето во предучилишна возраст е особено значајно. Затоа што преку читањето книги, приказни, бајки, децата влегуваат во светот на имагинацијата, го збогатуваат фондот на зборови, се стекнуваат со нови поими и изрази, ги поттикнуваат предчитачките вештини кои се предуслов за читањето во училиште. Затоа што дете што чита е возрасен што мисли“, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека Министерството за труд и социјална политика продолжува во континуитет да инвестира во изградба на нови, реконструкција и проширување на постојните капацитети на детски градинки, како и во зајакнување на капацитетите на стручниот кадар во нив, а со цел реализација на квалитетен предучилишен процес. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }