07.04.2022

Тренчевска по повод Денот на Ромите: Заедно, продолжуваме да се залагаме за поголема вклученост на ромската заедница во општеството

„Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата се високо поставени на агендата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Создаваме едно општество за сите. Општество во кое секој граѓанин во државата ќе ги ужива своите човекови права,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање преку видео порака, на заеднички настан на општина Струмица и РОМАКТЕД Програмата во пресрет на 8 Април -Меѓународниот ден на Ромите.

Таа истакна дека согласно Програмата на Владата 2022-2024 година и Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, за прв пат, се воведува квота од 5% за опфатеност на Роми, во сите активни програми и мерки, со што се овозможува нивно поголемо вклучување на пазарот на труд.

„Исполнувањето на еден од приоритетите и дел од Програмата на Владата претставува усвојувањето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, со која што се предвидени, политики и мерки со кои што се создаваат поголеми можности за инклузија за Ромите во сите општествени текови,“ рече Тренчевска.

Таа изрази благодарност до РОМАКТЕД Програмата, како заедничка програма на  Советот на ЕУ и Европската Унија, која освен национално има и локално значење, бидејќи е Програма која предвидува активности за ромската заедница и на локално ниво.

„Заедно, продолжуваме да се залагаме и имплементираме политики, преточени во реални решенија кои придонесуваат за поголема правичност, еднаков пристап до ресурси, поголем пристап до здравство, образование, социјална заштита, вработување, домување и вклученост на Ромите во нашето општество. Нека е честит Денот на Ромите - 8 април!“ порача министерката Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }