14.04.2022

Тренчевска: Конвенцијата на МОТ за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190, има големо значење во обезбедувањето на поголема заштита на работниците 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилницата „Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190“, организирана од Меѓународната организација на трудот и Здружението за трудово и социјално право.  

Министерката Тренчевска истакна дека унапредувањето на работничките права и заштита на достоинството на трудот е нешто кон кое сериозно се стреми нашата држава изминативе години. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика го следи развојот на модерното трудово право и новите стандарди во регулирањето на работните односи со цел воведување  во нашиот правен систем и обезбедување на целосна и навремена заштита на сите работници во Северна Македонија. Примената на современите стандарди на трудот овозможува работниците да ги имаат истите права со нивните колеги од најразвиените демократски земји.

„Правото на безбедна и сигурна работа и работна средина се суштествен дел од тие права и затоа Министерството работи на нивно овозможување преку две иницијативи: Спроведување на процесот за ратификација на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190 и донесување на нов закон за заштита од вознемирување на работно место,“ изјави Тренчевска.

Таа информираше дека, Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работното место е првиот меѓународен инструмент кој го адресира насилството и вознемирувањето при работа.

„Конвенцијата го признава правото на секое лице на свет на работа без насилство и вознемирување, вклучително и родово-базирано насилство и вознемирување. Конвенцијата ги штити работниците, независно од нивниот договорен статус, лицата на обука, вклучувајќи ги стажантите и практикантите, работниците чијшто работен однос престанал, волонтери, баратели на работа и кандидати за вработување и лицата што вршат овластувања, должности или одговорности на работодавачот,“ рече Тренчевска.

Претседателот на Здружението за трудово и социјално право, проф. Тодор Каламатиев, го поздрави организирањето на оваа работилница која има за цел да ја презентира Нацрт анализата за усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за елиминирање на насилството и вознемирувањето во светот на работата, бр.190, што воедно има големо значење за нејзино успешно ратификување и станување на дел од нашиот правен поредок. 

Национален координатор на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски, истакна дека Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за насилството и вознемирувањето (бр. 190) ги спојува еднаквоста и недискриминацијата со безбедноста и здравјето при работата во еден ист инструмент, а во неговата  срж го става човечкото достоинство и почит.

„За првпат, овој нов меѓународен стандард на трудот воведува дефиниција за тоа што е насилство и вознемирување и поставува заедничка рамка за нивно спречување, начин на постапување и елиминирање. Нивната цел да помогнат да се изгради свет на работа што е праведен и нуди почит и безбедност за сите преку социјален дијалог. Се надевам дека денешната дискусија и определбата на Владата, синдикатите и работодавачите ќе овозможат  ратификација на оваа Конвенција во наредните неколку месеци,” рече Крстановски.

Согласно Програмата на Владата, поддржувајќи ја иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија, Економско-социјалниот совет минатата година едногласно поддржа ратификација на Конвенцијата бр. 190.  Врз основа на тоа, започнат е процесот на ратификација, кој се очекува наскоро да заврши со успешно донесување на Законот за ратификација на Конвенцијата од страна на Собранието. 

Министерката апелираше на поддршка од сите политички партии и едногласно донесување на овој закон и воведување на оваа значајна конвенција во нашиот правен поредок.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }