19.04.2022

Соопштение за јавност

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека, Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица, е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат во предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост. Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе. Министерството работи на пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение, кои ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост. 

Во изминатиот период како министерство бевме во интензивна комуникација со здруженијата на родители на деца со попреченост и врз основа на нивните барања креираме пакет на законски измени и мерки кои значат унапредување на состојбата на децата и лицата со попреченост.

Во текот на утрешниот ден Министерството за труд и социјална политика подетално ќе ја информира јавноста за конкретните чекори кои ќе ги преземе, а со цел подобрување на правата, а со тоа и животниот стандард на лицата со попреченост.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }