30.09.2024

Средба Лимани-Колумбија: Поддршката на ООН во земјава со зголемена динамика во реализација на проектите од кои придобивка имаат граѓаните 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со  новата постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, со која разговараа на повеќе теми кои се во надлежност на Министерството, но пред се, за имплементацијата на Целите за одржлив развој за земјава, под покровителство на светската организација, како и за Националната развојна стратегија.

Повеќе

30.09.2024

Средба Лимани–Лудва: Чешка е голем подржувач на земјава во евроинтеграциите и политиките кои се од значење за сите граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска имаше средба со амбасадорот на Република Чешка Јарослав Лудва, на која што се разговараше за неколку клучни теми, пред се, европските интеграции на Северна Македонија, продлабочување на соработката на билатерален план и активностите на Министерството во првите 100 дена од доаѓањето на Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе

27.09.2024

Средба Лимани-Џеин: Шведска останува силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграциите, родовата еднаквост и заштитата на човековите права 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска во Северна Македонија.

На средбата соговорниците разговараа за областите кои се во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, за кои двете држави имаат воспоставено тесна соработка, како што се родовата еднаквост, заштитата од дискриминација, трговија со луѓе и заштитата и спречување на насилството врз жената.

Повеќе

25.09.2024

Делегација на Министерството на меѓународна конференција во Тирана: „Креирање на иднината 30 години после Пекинг: ефективни институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување  на жените" 

Делегација на Министерството за социјална политика, демографија и млади од 23  до 24 септември учествуваше на меѓународна конференција „Креирање на иднината 30 години после Пекинг: ефективни институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување  на жените", во Тирана, во соработка со UN Women. 

Повеќе

25.09.2024

Сабриу: Преку размена на искуства од регионот, заедно можеме да создадеме нова надеж и заштита на правата на барателите на азил 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, денеска ја отвори регионалната конференција „Заштита и економските перспективи: Поттикнување на учеството во работата на барателите на азил во Западен Балкан“, во организација на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци, МАРРИ (MARRI), во соработка со Германско друштво за меѓународна соработка, ГИЗ (GIZ).

Повеќе

25.09.2024

Лимани кон младите: Нашите врати се отворени за вас, ајде заедно да ги креираме и реализираме идните младински политики

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, денеска учествуваше на конференцијата насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергијата на образованието и бизнисот во Северна Македонија", во организација на Амбасадата на Република Словенија, Македонската студентска организација во Словенија и Друштвото на словенечки и македонски стопанственици.

Повеќе

20.09.2024

Државниот секретар Сабриу: Програмата - Суперучилишта  е важен чекор кон создавање на глобално свесни млади лидери 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на церемонијалниот настан насловен „Запознајте ги Суперучилиштата“ во Европската куќа (Europe house) кој имаше за  цел да ја промовира Програмата за размена на суперучилиштата од Западен Балкан. Денес беше  официјалното отворање на третиот циклус на програмата Суперучилишта поддржана од Европската Комисија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), која се имплементира од RYCO и GIZ.

Повеќе

20.09.2024

Средба на министерот Лимани со амбасадорот на Италија, Силвестри 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е  Андреа Силвестри.

Повеќе

19.09.2024

Средба Лимани- Дрекслер: Германија е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на нејзините приоритетни цели од кои придобивки  имаат граѓаните 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Н.Е Петра Дрекслер.

Повеќе

19.09.2024

Средба Лимани-Фугер: Поддршката на ранливите категории на граѓани во фокусот на проектите поддржани од Австрија 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес оствари средба со Харалд Фугер - Аташе на Австриското Министeрство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите,  на која што му беше врачено Писмо со поддршка од Сојузниот министер на Австрија, Јоханес Раух.

Повеќе

19.09.2024

Обраќање на заменик министерот Велковски во Собранието за Законот за младинско учество и политики

- Големо е значењето на дебатата на која се обратив денеска во Собранието на Република Македонија, за младински политики и Законот за младинско учество и политики – тема која е од клучно значење за иднината на нашата држава. Како заменик министер, свесен сум дека младите се движечката сила на нашето општество, а оваа дебата е можност да зборуваме за предизвиците и можностите кои ги имаме пред нас. 

Повеќе

18.09.2024

Средба Лимани -  Улман : Поддршката од Швајцарија на приоритетните области - млади, социјално ранливи граѓани и родова еднаквост продолжува 

Министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, на која стана збор за досегашната соработка и идните планови за понатамошни проекти.

Повеќе

18.09.2024

Велковски: Борбата против трговијата со луѓе мора да ни биде приоритет 

Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на борбата против трговијата со луѓе, еден од најголемите глобални и локални предизвици. На денешниот настан „Размена на добри практики и знаења во борбата против трговијата со луѓе“, кој се одржа во хотел Хилтон, Скопје, ја истакнавме важноста на заштитата на човековите права и промоцијата на социјалната правда и еднаквост.

Повеќе

18.09.2024

Лимани: Преку мапирање на слабостите во системот ќе дојдеме до креирање на квалитетни системски решенија за ранливите категории граѓани 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска и претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико.

Повеќе

17.09.2024

Сабриу: Успешноста на процесите на ресоцијализација и реинтеграција се слика на успешноста на општеството како целина 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на стручна расправа за процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на децата сместени во ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и со нарушено поведение, по повод направената Анализа за овие два процеси од страна на Факултетот за безбедност-Скопје , во соработка со Заводот за социјални дејности.

Повеќе

10.09.2024

Сабриу на отворањето на 28-те Републички пензионерски спортски натпревари: Вие сте инспирација за сите нас, наш приоритет е достојна старост за сите пензионери 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска официјално ги отвори 28-те Републички пензионерски спортски натпревари, кои традиционално се одржуваат секоја година. Пензионерите се натпреваруваат во 11 дисциплини како што се: шах, табла, пикадо, влечење на јаже, трчање, стрелаштво и други.

Повеќе

05.09.2024

Министерот Лимани се сретна со амбасадорката на Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со амбасадорката на Република Литванија, Н.Е Вилма Дамбраускиена. 

Повеќе

05.09.2024

Лимани до директорите на детските градинки: Ве охрабрувам да бидете проактивни, заедно ќе работиме на најдоброто решение за сите предизвици 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска присуствуваше на почетокот на работниот состанок на кој учествуваа директори на детските градинки и вработени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Целта на состанокот беше надминување на предизвиците и обука на претставниците на предучилишните установи при подготовка на барање за вработување, примена на Закон за вработени во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за заштита на децата.

Повеќе

05.09.2024

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 септември 2024 година.

Повеќе

03.09.2024

Лимани: Посветено ќе работиме на намалување на листите на чекање во градинките, затоа што секое дете е важно 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место,  присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.

Повеќе

02.09.2024

ВЕЛКОВСКИ: Фокусот ни е на младите!

Денеска имав чест да бидам дел од панел дискусијата организирана од страна на ОБСЕ како дел од Истражувањето за млади и безбедност на тема "Перцепции, ставови и предизвици на младите".

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }