23.03.2024

Велковски ги посети пензионерите од Општина Аеродром 

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска одржа средба со пензионерите од Градскиот сојуз на здруженија на пензионери Скопје, на којашто средба пензионерите повторно беа истакнати лошите и нехумани услови во државните домови за згрижување на стари лица и ниските пензии како приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи. 

„Во Македонија имаме вкупно 342.217 пензионери од кои дури над 60% се со месечни примања под минималната пензија, односно под 20.000 денари. Значи оваа категорија на граѓани коишто по правило треба да бидат столбот на ова општество, се оставени да преживуваат со по 13-14.000 денари месечно и наводните покачувања од по 600 или 700 денари не можат да ја сменат сликата дека ситуацијата е алармантна. Од посетите по Домовите за грижа на стари лица загрижувачка е сликата и гледам дека воопшто и не се вложувало во објектите со што ќе им пружиме достојни услови за живеење таму“, вели министерот Велковски. 

На покана на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, министерот Велковски денеска присуствуваше на еден од часовите по пливање кои се реализираат во склоп на проектот  „Бесплатно пливање“ за ученици од прво одделение и дечињата со попреченост од општината.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }