18.07.2024
Средба на министерот Лимани со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер, на која што упати барање за забрзување на процедурата и потпишување на доставената иницијатива за започнување на преговори со Франција за склучување на билатерален договор за социјално осигурување, со нацрт текст на Нацрт договор.
Министерот Лимани упати и честитки до амбасадорот Бомгартнер по повод денот на Републиката и изрази подготвеност за воспоставување на плодна соработка во областите кои се во надлежност на министерство.
На средбата се разговараше за досегашната соработка со француската амбасада во земјава, како и со Република Франција воопшто. Акцентот на разговорот беше ставен на двата нови сектори, демографија и млади, за кои министерот Лимани го истакна нивното клучно значење за земјата.
Двајцата соговорници се согласија дека задржувањето на младите во земјата и вклучувањето на дијаспората во политиките, програмите и плановите на владата ќе донесат подобра економска состојба и напредок на државата.
Од страна на амбасадорот Бомгартнер беше изразена отворена поддршка за сите понатамошни активности на министерството за социјална политика, демографија и млади, како и поддршка на земјава по патот на европската интеграција.