03.07.2024
Средба Лимани-Фугер: Продолжува заедничката соработка од која бенефит ќе имаат граѓаните
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со аташето за социјални работи на Австриската амбасада во Република Северна Македонија, Харалд Фугер.
На средбата се разговараше за досегашната соработка и поддршка на Република Австрија во реализацијата на проекти и активности на полето на социјалната заштита, заштитата на децата, зaштитата на маргинализираните групи и заштитата од семејно насилство.
Двајцата соговорници постигнаа договор заеднички да се работи на подобрување на условите во дневните центри и центрите за социјална работа со цел поефективно да се опслужуваат одредени категории граѓани под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
На крајот од средбата беа истакнати намерите за продолжување на соработката помеѓу двете држави, од која краен бенефит ќе имаат сите граѓани.