17.02.2022

Тренчевска: Го реализираме даденото ветување за покачување на минималната плата на 18.000 денари

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, кој се носи по скратена постапка, ja помина процедурата на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Членовите на Комисијата и од власта и од опозицијата го поддржаа законското решение со кое минималната плата  ќе изнесува 18.000 денари нето износ, односно 26,422 денари во бруто износ.

Според министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Владата и Министерството го реализираа даденото ветување со што директно се придонесува за повисок животниот стандард на работниците. Таа посочи дека потребата од зголемување на минималната плата е резултат на појавата на порастот на цените на одделни производи, кои се од витално значење за работниците, а со тоа и на домаќинствата. 

„Сите овие решенија се во интерес на заштита на семејниот буџет на секое семејство и подобрување на економскиот статус на работникот. Обезбедуваме соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и зголемување на истата, од месец март оваа година. Зголемувањето на минималната плата, ја наметна потребата и за обезбедување на одредено ниво на финансиска поддршка за работодавачите за исплата на минималната плата“, рече Тренчевска.

Со предлог измените  на Законот за минимална плата  направена е промена на  критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика. Со цел системското решавање на прашањето, висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика, за претходната година. Предлог измените предвидуваат финансиска помош од Буџетот на Република Северна Македонија за периодот март-декември 2022 година, за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата кој со предлог законското решение, изнесува 62%“, рече Тренчевска.

За потребата од измена на критериумите за усогласување на минималната плата и зголемување на истата, се произнесоа и претставници на работниците и на работодавачите, како и Економско-социјалниот совет.​

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }