26.12.2022
Тренчевска: Сите корисници на услуги на МТСП ќе бидат дел од моите предновогодишни спомени
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска со предновогодишно расположение го посети и Центарот за лица со даунов синдром во Скопје. Во центарот моментално има 17 корисници од 3 до 26 годишна возраст, додека целосно објектот има капацитет за 24 лица.

Во просториите на центарот поставена е опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема како и соби за одмор.
Тренчевска за време на својата посета разговараше со присутните за нивниот секојдневен живот, нивните активности како и за стручната работа од страна на кадрите вработени во центарот.

Министерката имаше прилика да изработи новогодишни честитки заедно со корисниците и да ги проследи изведбите на нивните омилени песни. За време на средбата еден од корисниците ја информираше министерката дека е студент и моментално е четврта година и дека е во исчекување на моментите за изработка на неговата дипломска работа.
На крај министерката им додели новогодишни пакетчиња кои се дел од заедничката соработка со Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.