Доставување на коментари и предлози

Акциски план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Република Македонија 2018-2023

Националниот план за спроведување на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство е стратешки документ на Владата на Република Македонија, што ги дефинира активностите, клучните институции, индикаторите и временската рамка за преточување на одредбите на Конвенцијата во националното законодавство за периодот 2018-2023. Основната цел на постојниот план е да дизајнира, спроведе и координира сеопфатна национална политика за превенција и елиминирање на насилството врз жените.

Активностите во планот планирано е да се реализираат во периодот 2018-2023 во кој период ќе се воспостави темелот за сеопфатен правен и институционален одговор на родово-базираното насилство во Македонија.Буџетот за реализирање на активностите од планот ќе биде подготвен во согласност и координација со тековното буџетско планирање на одделните министерства. За спроведување на дел од активностите од големо значење ќе биде и поддршката од донаторите, а сепак основната обврска за спроведување на планираните активности е на државата.

Надлежните институции за спроведување на активностите имаат обврска секоја година да подготвуваат оперативен план за спроведување на овој акциски план.

Со цел развивање на сеопфатен документ, Министерството за труд и социјална политика Ве поканува да дадете Ваши коментари и предлози во насока на подобрување на предложениот документ.

Истите замолуваме да ги доставувате до scvetkovska@mtsp.gov.mk во рок од 10 денови.

Предлог нацрт на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017- 2027 година и предлог нацрт на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година

 

Министерството за труд и социјална политика ја изработи првата нацрт верзија на новата Стратегија за интеграција на бегалци и странци и предлог нацрт Национален акциски план за период од 10 години, односно за период од 2017 година до 2027 година.

Со цел развивање на сеопфатен документ, Министерството за труд и социјална политика Ве поканува да дадете Ваши коментари и предлози во насока на подобрување на предложениот документ.

При давањето на Вашите предлози, како и за полесен аналитичкиот пристап, Ве замолуваме да го користите приложениот формулар, а предлозите да бидат конкретни во однос на предлог секторите.

Пополнетиот формулар доставете го на е-mail адресата: divkovski@mtsp.gov.mk (cc. komentari.strategija@gmail.com) најдоцна до 8.8.2017 година.

Министерството за труд и социјална политика по внесувањето на Вашите предлози и по финализирањето на документот, истиот ќе го достави до меѓу-ресорското тело на Владата на Република Македонија.

 

Предлог нацрт на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017- 2027 година

Предлог нацрст на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година

Формулар за коментари

Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка

Известување за почеток на подготовка на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита

Текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита по скратена постапка

Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка

Известување за почеток на подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата

Текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка