Управа за прашања на борците и воените инвалиди

Директор: В.Д. Вангел Димков

Тел: 02/ 3 114 660 и 3 113-696

e-mail: upbvi@mtsp.gov.mk

Управата за прашања на борците и воените инвалиди е орган во состав на Министерството за труд и социјална политика. Со Управата раководи Директор. Работата на Управата за прашања на борците и воените инвалиди се врши преку Централата на Управата и 34 подрачни единици од кои 5 подрачни единици во Скопје и 29 подрачни единици и тоа во Битола, Берово, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Кочани, Куманово, Крушево,  Неготино, Охрид, Македонски Брод, Радовиш, Ресен, Струга, Струмица, Свети Николе, Прилеп,  Пробиштип, Штип, Тетово, Велес и Виница. 

Управата го обезбедува остварувањето на правата на борците, воените инвалиди, на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, на членовите на нивните семејства и на семејствата на паднатите борци, обезбедува право на материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна и учесниците во Народноослободителното движење од Егејскиот дел на Македонија и на членовите на нивните семејства, се грижи за обележување, уредување, одржување и евиденција на гробиштата и гробовите, се грижи и за правата на носителите на Партизанска споменица 1941 на лицата одликувани со одрен на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година.

За остварување  на правата на борците, воените инвалиди, на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, на членовите на нивните семејства и на семејствата на паднатите борци во прв степен решава Управата, а во втор степен Министерството за труд и социјална политика, врз основа на наод и мислење од страна на лекарски комисии.

Управата за прашања на борците и воените инвалиди ги обезбедува следниве права согласно со прописите од боречко инвалидска заштита и тоа права на:

 

  • Лична инвалиднина
  • Семејна инвалиднина и зголемена семејна инвалиднина
  • Инвалидски додаток
  • Додаток за нега и помош од страна на друго лице
  • Ортопедски додаток
  • Бањско и климатско лекување
  • Патничко моторно возило 
  • Додаток за деца
  • Професионална рехабилитација
  • Здравствена заштита
  • Помош во случај на смрт
  • Бесплатен и повластен превоз
  • Еднократна парична помош
  • Материјално обезбедување
  • Материјално обезбедување за брачен другар на учесник во НОВ
  • Надоместок за нега и помош од друго лице
  • Здравствена заштита за корисниците на материјално обезбедување
  • Еднократна парична помош (за починат корисник)
  • Еднократна парична помош (за влошена здравствена состојба и елементарни и други непогоди)
  • Сместување во социјална организација на корисници на материјално обезбедување поради неспособност за самостоен живот
  • Здравствена заштита, годишно парично примање за закрепнување, на бесплатен и повластен превоз и посмртна помош за носителите на Партизанска споменица, народни херои и шпански борци 
  • Уредување, обележување, одржување и евиденција на гробишта и гробови на борци паднати во Антифашистичката војна и други националноослободителни војни на Македонија.