ИПА II

Повик за консултации

Акциска програма 2017 за секторот „Образование, вработување и социјална политика“ (ИПА II)


Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука објавуваат повик за јавни консултации на нацрт на Акциската програма за 2017.

Програмата опфаќа мерки од секторот „Образование, вработување и социјална политика“ кои ќе се финансираат од новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА II).

Повикот е отворен до 20 март 2017 година.

Ве повикуваме коментарите, предлозите и сугестиите да ги доставите на следнава e-mail адреса: IPA4@mtsp.gov.mk.

Преземи Акциска програма (ENG)

ИПА I

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2007-2013, компонента IV „Развој на човечките ресурси“

Компонента IV од Инструментот за претпристапна помош е финансиска поддршка од Европската унија за периодот 2007 – 2013 во областите вработување и социјално вклучување. За периодот 2007-2013 година, вкупниот буџет за оваа компонента изнесува околу 64 милиони евра. 85% од овој износ е учество на Европската унијата, а остатокот се средства од Буџетот на Република Македонија.

Компонентата IV на Инструментот за претпристапна помош се спроведува преку повеќегодишната Оперативна  програма "Развој на човечките ресурси". Оперативната програма поддржува поголем број проекти во три приоритетни области: вработување, образование и обука и социјално вклучување. Проектите се разликуваат по својата природа, цел и големина. Дел од проектите директно им помагаат на младите, долгорочно невработените лица, жените и припадниците од немнозинските етнички групи на територијата на целата земја да стекнат вештини и да се вклучат на пазарот на трудот. Се имплементираат и проекти со кои се подобруваат вештините и начинот на работа на вработените во државните институции и јавни установи заради подобро опслужување на корисниците.

Оперативната програма "Развој на човечките ресурси 2007-2013" беше подготвена од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука во соработка со релевантните агенции и институции, вклучувајќи ги и социјалните партнери и невладините организации.

Програмата се имплементира од Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии (http://cfcd.finance.gov.mk) и одделенијата за ИПА во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, кои се задолжени за подготовка и следење на програмата и проектите.

 

Ревидирана оперативна програма за ИПА компонентата "Развој на човечките ресурси 2007-2013 (2012-2013)"