Заштита на децата

Облици за заштита на децата се

  •  згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој  го сочинуваат сите правни и физички лица на територијата  на Република Македонија чија основна дејност е вршење работи поврзани со  згрижување и воспитување на деца од предучилишна  возраст. 

Повеќе
Теркови на барања

Барање за добивање мислење  за основање на  јавна  установа за деца

Барање за донесување решение  за вршење  на дејноста и отпочнување со работа на  приватна установа за деца

Барање за донесување решение за вршење на дејноста и отпочнување со работа на  јавна  установа за деца

Барање за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца

Барање за донесување  решение за вршење на дејноста и отпочнување со работа на детска градинка, центар за ран детски развој  како организациона единица

Сместување и прием на деца во детска градинка

Во детските градинки се обезбедува згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Јавната детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест годишна возраст, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.

За децата кои не се опфатени со згрижување и воспитание во детската градинка може да се организираат и други скратени вонинституционални форми за згрижување и воспитание согласно со Законот за заштита на децата.

Повеќе

Организација на згрижување и воспитание на деца

Установа за деца-детска градинка

Јавна детска градинка се основа од страна на советот на општината, советот на општината во градот Скопје и Владата на Република Македонија под услови утврдени со Законот за заштита на децата. Детска градинка во приватна сопственост се основа од страна на домашно или странско физичко или правно лице под услови утврдени со Законот за за заштита на децата . Странските правни или физички лица со седиште односно место на живеење во земјите-членки на Европската Унија и ОЕЦД можат да основаат детски градинки во приватна сопственост како и домашните правни и физички лица.

Средства за основање и работа на установата ги обезбедува основачот.

Повеќе

Адресар на ЈУ детски градинки

Адресар на приватни детски градинки

Агенции за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст

Адресар на Центри за ран детски развој

Адресар на приватни Центри за ран детски развој

Адресар на детски градинки организирани како организациони единици во состав на правни лица, високообразовна установа и  приватно училиште.

Центар за ран детски развој

Дејноста која се врши во рамки на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст може да се остварува и во центар за ран детски развој. Јавен центар за ран детски развој на општината и општината во градот Скопје се основа од страна на советот на општината и советот на општината во градот Скопје, односно од Владата, по претходно прибавено мислење од Министерството односно на предлог на Министерството. Центар за ран детски развој во приватна сопственост може да се основа од домашно правно или физичко лице или од странско правно или физичко лица со седиште односно место на живеење во земјите-членки на Европската Унија и ОЕЦД .

Одобрение за основање на приватен центар за ран детски развој го дава Владата по претходно мислење на министерството, доколку се исполнети условите предвидени со Законот за зашртита на децата.

Повеќе

Агенции за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст

Одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца и тоа чување и нега на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно училиште на повик може да врши правно лице запишано во соодветниот регистар при Централниот регистар на Република Македонија, како Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст. Агенцијата може да обезбеди одредени работи од дејноста и тоа чување и нега на деца на возраст над 6 години, односно од поаѓање во основно училиште до 10 години живот на повик.

Агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст може да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание само во Република Македонија, под услов тие работи да ги врши како единствена дејност.

Повеќе

Физички лица кои вршат домашно згрижување на деца од предучилишна возраст

Физички лица можат да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст под услови утврдени со Закон за заштита на децата. Физичко лице во сопствениот дом може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, како професионална дејност за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и исхрана на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно училиште и деца на возраст до 10 години живот, најмногу до пет деца и не помалку од два часа дневно.

Физичко лице во сопствениот дом може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, како професионална дејност и за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и исхрана и за деца со пречки во менталниот развој или телесна попреченост до две деца на возраст до десет години живот и не помалку од два часа дневно.

Повеќе

Програми и цени во детски градинки

Програми во детски градинки и центри за ран детски развој

Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст се остварува преку Годишна програма за работа на установите за деца кои вршат работи поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Повеќе

Програма за рано учење и развој

Програма за рано учење и развој за деца со пречки во развојот

Програма за едукација на децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на деца, со процесот на одгледување и консумирање на здрава храна

Упатство за планирање на активности од програмата за рано учење и развој за стекнување на здрави животни навики и безбедно однесување кај децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на деца

Упатство за реализација на програмата за рано учење и развој и достигнување на стандардите за рано учење и развој преку вклучување на традиционални игри во установите


Проект „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија„

Во Република Македонија  како мулти етничка  држава  континуирано  се  развива  почит кон различности (во однос на етничка, културна, религиозна припадност, по однос на пол и можности) и мултикултурализам кај малите деца (0-6 години и  интегрирање на овие аспекти во националниот систем за ран детски развој.

Повеќе

Вреднување на успехот на планираните активности од развојниот план

Вреднување на успехот на планираните активности од развојниот план