27 јануари 2019 година (недела)- Свети Сава
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2018 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Повеќе
19 јануари 2019 година-Богојавление (Водици)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Повеќе
Јавен оглас
Министерството за труд и социјална политика и Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје ќе отпочнат со спроведување на нова Програма за подобрување на квалитетотот на раното учење и развој во установите за згрижување и воспитание на децата.
За таа цел објавуваме ОГЛАС за ангажирање на 30 „Воспитувачи/ки за колегијална поддршка“.
Министерството за труд и социјална политика ги поттикнува сите вработени (воспитувачи/ки, педагози) од установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки кои ги исполнуваат наведените услови во огласот и се заинтересирани да аплицираат.
Повик
Управата за водење на матичните книги и Министерство за труд и социјална политика објавува
Повик за прибирање на податоци за лица-нерегистрирани во матична книга на родени
(македонски јазик) (ромски јазик) (турски јазик) (албански јазик)
Јавен оглас
за финансирање на проекти за изградба, доградба, адаптација и опремување на објекти за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година
Повик за условен паричен надоместок
Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на социјална парична помош во чии што домаќинства има членови кои што се редовни ученици во средно образование дека започнува поднесувањето на барањата за вклучување во Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година. Износот на Условениот паричен надоместок е 12.000,00 МКД на годишно ниво и овие средства се исплаќаат на мајката на ученикот.
Повеќе