• Институционална заштита 
    • Право на оспособување за работно-производна активност-Право на оспособување за работно-производна активност има лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој. Ова право опфаќа упатување во установа за социјална заштита или во друго правно лице кое ги исполнува потребните услови, надоместок на трошоци за сместување и исхрана, надоместок на трошоци за оспособување за работно-производна активност и надоместок на трошоци за превоз. 
    • Право на сместување во установа за социјална заштита-Право на сместување во установа за социјална заштита, има лице кое нема соодветни услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установа за социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита.  Право на сместување во установа за социјална заштита, се обезбедува на: дете без родители и дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа, а најдоцна до завршувањето на средното образование, ако не постојат можности згрижувањето и воспитанието да се обезбеди на друг начин;дете со воспитно-социјални проблеми, занемарено, запоставено, злоставувано, материјално необезбедено дете и дете жртва на семејно насилство; дете со нарушено поведение; бремена жена еден месец пред породувањето и самохран родител со дете до тримесечна возраст; лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој упатено на оспособување за работно-производна активност, лице со длабоки пречки во менталниот развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега; старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбената и семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг начин илице  барател на право на азил.