Известување за полагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

  • 10.05.2017 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите – теоретски дел, од 10:00 – 12:00 часот и од 12:00 -14:00 часот
  • 29.05.2017 година - Испитот за проверка на практичната способност на кандидатите –практичен дел, од 08:00 – 13:00 часот. 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Испитниот центар, кој се наоѓа на следната локација:ул."Христо Смирненски", бр. 30, ламела 1 (во близина на Универзална сала), Види мапа.

Се информираат кандидатите кои ќе го полагаат стручниот испит дека:

•    За да може да започнат со полагање на стручниот испит задолжително со себе треба да имате лична карта, за увид и утврдување на идентитетот.

•    Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот односно од вториот дел од испитот, изнесува 120 минути.

    Се смета дека стручниот испит го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

    Начинот на бодирањето е уреден со Правилник за начинот на бодирање на првиот (теоретски дел) и на вториот (практичен пример) на стручниот испит за безбедност при работа („Службен  весник на Република Македонија бр. 164/15).

    Постапката за спроведување на стручен испит се спроведува согласно Законот за безбедност и здравје при работа и Програма за полагање на стручен испит за безбедност при работа (Службен весник на Република Македонија бр.206/15).

•    На кандидадот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

•    На кандидатот за време на полагање на вториот дел од испитот, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.

•    На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот, доколку има технички проблем со компјутерот.

•    Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за 5 минути, испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во рок, иситот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од прекинувањето на испитот.

•    Ако има проблеми на повеќе од пет компјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од 5 минути, испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинување на испитот.

•    Доколку кандидатот при полагање на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од горенаведените ставови, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин и ќе се смета дека не го положил испитот, а истото ќе се констатира во записник за полагање на испит.

•    Овластените преставници од кои ќе присуствуваат на полагањето на стручниот испит, за време на полагање на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од 5 минути.

•    Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува.

•    Доколку причините се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот продолжува веднаш по нивното отстранување.

•    Доколку причините не се отстранат во рок од 60 минути, испитот се презакажува за друг термин.


Огласи за активни мерки за вработување 

Огласи 2017 година

1. Jавен оглас за активна мерка: Програма за самовработување


Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

2. Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик 2017


Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

3. Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на труд (за лица со инвалидитет)

 

Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

 

4. Обука кај познат работодавач 

 

Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

 

5. АВРМ објавува оглас за потребите на Проектот „Поддршка на вработување на млади лица“ финансиран од Европската Унија

6.Jавен оглас за активна мерка: кредитирање 2017 (втор оглас)

Агенцијата за вработување на РМ објавува: јавен оглас до невработените лица

Оглас   (алб)

  • важи од 03.05.2017 до 16.05.2017

7. Јавен оглас за активна мерка: кредитирање на млади лица до 29 години 2017 (втор оглас)

Агенцијата за вработување на РМ објавува: јавен оглас до невработените млади лица до 29 години

Оглас     (алб)

  • важи од 03.05.2017 до 16.05.2017

8. Јавен оглас за активна мерка: кредитирање на правни субјекти 2017 (втор оглас) 

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува: јавен оглас за  (микро и мали претпријатија) - за отворање на нови работни места

Оглас   (алб)

  • важи од 03.05.2017 до 16.05.2017

9. Јавен оглас за активна мерка: кредитирање на правни субјекти 2017 (втор оглас)

Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува: јавен оглас за млади - (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места

Оглас   (алб)

  • важи од 03.05.2017 до 16.05.2017
Огласи 2016 година

Оглас 1

Јавен оглас за регистрирани невработени лица заинтересирани за учество во Обуки за општи вештини (обуки за странски јазици и обуки за основни компјутерски вештини)

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) во рамки на тековната имплементација на проектот ,,Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени (II)“ финансиран од ЕУ, ги повикува заинтересираните невработени лица, регистрирани во АВРМ, како активни баратели на работа, да аплицираат и учествуваат на обуките за општи вештини (Обуки за странски јазици и Обуки за основни компјутерски вештини).

Преку обуките за странски јазици (англиски, германски, италијански, турски, грчки, француски, шпански и албански) (основно или напредно ниво), предвидено е да се опфатат приближно 708 невработени лица регистрирани како активни баратели на работа.

Преку обуките за основни компјутерски вештини (Word processing programs - MS Word, Spreadsheet software - MS Excel, database management software - MS Access, Project management software - MS project и интернет), предвидено е да се опфатат приближно 400 невработени лица регистрирани како активни баратели на работа.

Обуките ќе се спроведуваат во период од 2 до 4 месеци, од страна на тренинг провајдери  избрани од страна на АВРМ во дефинираните региони низ целата територија на државата. Овие обуки имаат цел да помогнат на невработените лица да се стекнат со општи вештини со што ќе ги подобрат компетенциите и полесно ќе можат да се вклучат на пазарот на трудот.

Детални информации можат да се добијат на веб страната на  Агенција за вработување  www.avrm.gov.mk.

Оглас МКД    Оглас АЛБ    Оглас ENG

Оглас 2

Јавен повик за изразување интерес за долгорочно невработени лица за учество во Обуки за задоволување на побарувани занимања на пазарот на труд

Проектот „Поддршка на вработувањето на младите луѓе, долгорочно невработените лица и жените II“ го објавува јавниот повик за изразување интерес за регистрирани долгорочно невработени лица за учество на обуки за задоволување на побарувани занимања на пазарот на труд, за период од максимум 4 месеци.

Регистрираните долгорочно невработени лица се повикуваат да земат учество во проектот, преку пополнување на апликационен формулар во Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и локалните центри за вработување низ Република Македонија.

Вкупниот број на лица кои можат да бидат вклучени во рамките на проектот изнесува 500 невработени лица, кои се невработени повеќе од 1 година, регистрирани како активни баратели на работа.

Оглас МКД   Оглас ALB   

Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

Оглас 3

Програмата за самовработување на лица со инвалидност

Повеќе на: Агенција за вработување на Република Македонија

Оглас 4

Јавен оглас до заинтересираните невработени лица за учество во бесплатните обуки за напредни ИТ вештини

Оглас     Пријава

Оглас 5

Врз основа на Оперативниот план за изменување и дополнување на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, за активната мерка - Обука за основни вештини за вработување на млади лица до 29 години (странски јазици и компјутери) се објавува оглас

Jавен оглас до заинтересираните невработени млади лица до 29 години за учество во бесплатните обуки за основни компјутерски вештини  ALB

Jавен оглас до заинтересираните невработени млади лица до 29 години за учество во бесплатните обуки за странски јазици   ALB

Повици

Јавен повик

* Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2017 година.