Државен секретар

 м-р Јована Тренчевска

 

Лични податоци

Место на раѓање: Струмица, Република Македонија

Националност: Македонка

Формално образование

2012 година-Магистар по социолошки науки, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Филозофски факултет, Институт за социологија

1994 година-Дипломиран социолог, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија

Работно искуство

2018   Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика

2003-2018 Советник за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика

2000-2003 Координатор на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација на жени Струмица, Програма на Македонски центар за меѓународна соработка

1992-2000 Семико, ДООЕЛ Струмица

Познавање на јазици

Англиски

Српски

Обука

• Напреден курс за родово одговорно буџетирање, тренинг центар на UN Women, Белград

Тренинг за тренери за родово базирано насилство, UN Women, Скопје

Родот и управувањето со земјиштето, Светска банка, Албанија

Родовата еднаквост и вклучувањето на родовата перспектива во главните текови, Златибор, Србија

Напреден курс за подготовка на закони, тренинг за тренери, ОБСЕ, МИОА

Тренинг за тренери за еднакви можности и недискриминација, Британски Совет, Скопје

ЕУ институции и европски политики, СЕП, Влада на Република Македонија

Тренинг за тренери за Родово одговорно буџетирање, UN Women, Скопје

Стратешко планирање, МЦМС, Скопје

Менаџирање на проектен циклус, МЦМС, Скопје

Род и развој и Род и здравствената едукација, МЦМС, Скопје

Женски права и меѓународни документи за човекови права, Сараево, БиХ

Жените и моќта, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА)

Тренинг за тренери на програмата “Жените тоа го можат“, Пакт за стабилност

Искуство во областа

• Член на работна група за подготовка на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2006, 2012)

 • Член на работната група за ревизија на Националниот акциски план за родова еднаквост и подготовка на нов Национален акциски план за родова еднаквост 2008-2012

Член на работната група за изработка на Акционен план за специфичните потреби на жените Ромки

Координатор на проектот “Поддршка на родовата интеграција на локално ниво“, поддржан од ОБСЕ

Координатор на проектот “Јакнење на капацитетите за родова интеграција во процесот на креирање политики“, поддржан од ОБСЕ

Член на работната група за подготовка на Националната стратегија за вработување и Националниот акционен план 2009-2010

Координатор на проектот “Жените и процесот на децентрализација во Република Македонија", поддржан од Фридрих Еберт, Канцеларија во Скопје

Координатор на проектот "Зголемување на нивото на информации за женско претприемништво, Зголемување на учеството на жените во менаџерските тимови на јавните претпријатија, зајакнување на капацитетот на жените за подобра работа, развој на проектниот циклус", поддржан од Фридрих Еберт, Канцеларија во Скопје

Координатор на проектот "Родово одговорно буџетирање", спроведен од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на UN Women

Член на работната група за изработка на Национална стратегија за борба против сиромаштијата

Координатор на работната група за родова еднаквост и антидискриминација како дел од TWININNG проектот за усогласување на трудовото законодавство со стандардите на ЕУ

Координатор и член на работната група за подготовка на Националната стратегија за родово одговорно буџетирање 2012-2017

Координатор и член на работната група за изработка на Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020 и Акциски план за родова еднаквост 2013-2016

Координатор на проектот "Обука за правните практичари и персоналот на Народниот правобранител за CEDAW" и Факултативниот протокол со поддршка на ОБСЕ

Член на работна група за воведување на CAF стандарди во Министерството за труд и социјална политика

Член на Работната група за ex-post проценка на антидискриминационото право

Координатор на работна група за подготовка на процесот на ратификација на Конвенцијата на Совет на Европа за борба против насилството врз жените, вклучувајќи го и домашното насилство

Координатор на работна група за подготовка на Акциски план за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за борба против насилството врз жените, вклучувајќи го и домашното насилство

Учество во меѓународни и домашни тела

Член на Управниот комитет на проектот "Еден глас-едно гласачко ливче: адресирање на семејното гласање и гласање во име на друг, во Македонија"

Претставник на Република Македонија во Управниот комитет за родово одговорно буџетирање во рамки на регионалниот проект на UN WOMEN “Промовирање на родово одговорни политки во Југоисточна Европа"

Координатор на Интер ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите на  Владата на Република Македонија

Член на Управниот комитет за ЕУ-Твининг проектот "Поддршка за спроведување на родова еднаквост"

Публикации и Анализи

2008 Ко-автор на “Водич за директивите на Европската унија поврзани со еднаквост и недискриминација”. Оваа активност беше поддржана од Британски совет со поддршка на експертот Sheila Rodgers од Англија.

2010 Експерт-Подготовка на Прирачник за антидискриминација и еднакви можности, Водич за спроведување на Законот за антидискриминација, поддржано од ОБСЕ. 

2011 Експерт-Подготовка на анализа за состојбата со еднакви можности и недискриминација во Република Македонија, поддржана од Британскиот совет. 

2013 Ко-автор на “Водич за родово маинстримирање наменет за државни и јавни службеници” поддржан од УН жени во РМ.

2013 Ко-автор на “Водич за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Националната стратегија за еднаквост и недискриминација” поддржана од Британска амбасада и Британски совет во РМ.

2013 Ко-автор на “Модулот за електронска обука за недискриминација” во соработка со Британска амбасада и Министерство за информатичко општество и администрација.

2016 Ко-автор на анализа "Пристапот на жените до правда", поддржана од Еднаков пристап Скопје.

Експерт, родово буџетска анализа "Родови аспекти во подобрувањето на водоснабдувањето и канализационата мрежа во општина Ѓорче Петров", поддржана од Женска акција, Скопје.