Проект “Ромски информативни центри”

На почетокот на 2005 година при процесот на креирање на Националните Акциони Планови за Декадата на Ромите 2005 – 2015 во Република Македонија како приоритетна беше идентификувана потребата од подобро, квалитетно и релевантно информирање на Ромската популација во однос на состојбите и правата и обврските на граѓаните. Целта беше да се формираат институционални центри кои ќе преставуваат линк помеѓу заедницата на Роми и институциите на локално ниво за потребите на граѓаните.

Со иницијатива на МТСП се отворени 12 Ромски Информативни Центри (РИЦ) во 12 (дванаесет)  Општини во Република Македонија и тоа во: Шуто Оризари во Скопје, Чаир во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип,Кочани,Берово, Делчево, Виница и Куманово, 
Формирањето на Ромски Информативни Центри (РИЦ) се дел од активностите планирани со Акционите планови за Ромите во Република Македонија.

Овие центри имаат за  задача, планирано и структурирано информирање за имплементацијата на Стратегијата за Ромите и Акционите планови на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 на локално ниво

Визијата на Ромските информативни центри  е да овозможат, Ромската заедница да биде активен чинител и рамноправен фактор во градењето на мултикултурно општество во Република Македонија.

Мисија на „Ромските Информативните Центри е да бидат сервис на граѓаните и да придонесуваат за остварувањето на Стратегијата за Ромите преку поставување врски помеѓу граѓаните и институциите на локално и национално ниво.

Информаторите ангажирани во проектот Ромски информативни центри имаат одговорност  да обезбедат постигнување на целите на проектот: 

1.  Прибирање и доставување на информации на локално ниво во насока на 

  • Подобрување на информираноста на Ромската заедница во однос на спроведувањето на Стратегијата за Ромите 
  • Остварување на правата и обврските кои произлегуваат од приоритетните области
  • Информативни услуги и логистичка подршка за граѓаните 

2. Воспоставување на линк и комуникација помеѓу РИЦ и граѓаните, институциите, и медиумите на локално ниво 
3. Континуирано јакнење на личните капацитети за техничка и институционална подршка за Ромската заедница
4. Претставување и застапување на заедницата во однос на остварување на нивните права и обврски пред институциите и градење на локални партнерства.

Информации