Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)

Министерство за труд и социјална политика  во соработка со Ромскиот едукативен фонд-Будимпешта, Јавните општински  установи детски градинки и локалните самоуправи од  2006 година до денес, активно го имлементираат проектот Инклузија на деца Роми во Јавните преучилични установи.

Целта на проектот е да ја подобри училишната подготвеност, и да се придонесе во раниот детски развој на децата Роми на возраст од 3-6 години, преку подобрување на пристапот до квалитетни услуги на главните институции за ран детски развој и преку зајакнување на вештини на родителите на децата Роми.

Проектот се имлементира  во 19 општини 20 локации во државата. Проектот се имлементира  во следниве општини:  Шуто Оризари, Чаир, Гази Баба, Центар, Карпош, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Берово, Делчево, Виница, Штип, Кочани, Пехчево/с.Црник, Битола, Прилеп, Велес и Куманово.

Во септември 2014 биле запишани 487 деца, односно во текот на учебната 2014/2015 во просек биле запишани 560 деца.

Во септември 2015 биле запишани 557 деца, односно во текот на учебната 2015/2016  во просек биле запишани 541 деца.

Во септември 2016 биле запишани 506  деца, односно во текот на учебната 2017/2018 до месец февруари, во просек биле запишани 531 деца. 

Во септември 2017 биле запишани 506  деца, односно во текот на учебната 2016/2017 до месец март 2018, во просек биле запишани 510 деца.  

За поуспешна имлементација на проектот, како и градење на социјални вештини и подобрување и владеење на македонскиот јазик, за  олеснат пристап на децата  Роми во ЈОУДГ, во сите општини каде што се спроведува проектот, ангажирани се 21 медијатор преку буџет на РЕФ, 22 негувателки од кои на 18 им се трансформираше работниот ангажман во редовен работен однос, 3 негувателки се ангажирани и платени од пректниот буџет на РЕФ и 1 негувателка е ангажирана преку АПВ.