ЈАВЕН ПОВИК 

Министерството за труд и социјална политика  известува дека во насока на унапредување и развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните  во социјален ризик и социјална исклученост, во континуитет ќе продолжи со  активности за финансирање на проекти  за изградба, доградба, адаптација и опремување на  објекти  за проширување на капацитетите за  обезбедување на услугите со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална  политика или со други извори на средства.

За таа цел се повикуваат општините да достават апликација со комплетна документација за проект за  изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита (документација наведена во јавниот оглас за аплицирање и тоа: образец за апликација, имотен лист, основен проект и спецификација за опрема).

Општините што ќе достават комплетна документација ќе бидат предмет за разгледување и оценување за финансирање по обезбедување на средства од страна на Министерството.