Облици за заштита на децата се
- згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст
Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој го сочинуваат сите правни и физички лица на територијата на Република Македонија чија основна дејност е вршење работи поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
Под правни лица се подразбираат установи организирани како јавни установи и приватни установи .
Под физички лица, се подразбираат физички лица кои вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Згрижување и воспитание на деца се организира во:
-
Детски градинки;
-
Центри за ран детски развој;
-
Одредени работи од дејноста зрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, односно до поаѓање во основното училиште на повик може да врши Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физички лица кои самостојно врши одредени работи од дејноста.
- одмор и рекреација на децата
Одморот и рекреацијата на децата е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.
За развој на личноста на детето, талентот, менталните, физичките, креативните и другите способности, подготвување за самостоен и одговорен живот се обезбедуваат и други облици на заштита на децата како програмски активности од областа на културата, издавачката, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста, рекреативни и слободни активности и спортот.
Програмираните активности се остваруваат согласно со посебни програми кои ги изработува соодветна научна установа односно специјализирана стручна установа или институција, а ги донесува министерот.
|