|
|
|
 | Договори за соработка |  |
Билатерална соработка
Министерството за труд и социјална политика редовно склучува и остварува договори за билатерална соработка со министерства од други земји, задолжени за прашањата од сферата на трудот и социјалната политика.
Така, во досегашниот период Министерството за труд и социјална политика има склучено договори за билатерална соработка со Министерството за труд и социјална политика на Бугарија, со ГИП Интернационал (Министерство за труд, општествени односи, семејство, солидарност и урбано живеење) Република Франција и Министерството за труд, семејство и социјални прашања на Република Словенија.
Во моментов се вршат консултации за склучување на повеќе договори за билатерална соработка со други партнерски министерства од повеќе земји.
Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на 26.01.2010 година во Братислава, склучи Договор за соработка со Министерството за труд, социјални прашања и семејство на Република Словачка.
Договорот за соработка претставува одлична можност за размена на знаења и искуства во областите на трудот, вработувањето и социјалната заштита, а особено се концентрира на областите: активни политики за вработување со особен осврт на поддршката за вработување на Ромите и другите маргинализирани групи од населението, социјалниот дијалог, искуствата на Република Словачка во користењето на средствата од Европскиот Социјален Фонд, како и на можностите за имплементирање на твининг проекти.
Важноста на овој Договор е за периодот од 2010-2012 година. |
 | Активности во рамките на билатералните соработки |  |
Соработката со Словенија продолжува
Во рамки на Договорот за билатерална соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за труд, семејство и социјални прашања на Република Словенија, на 25 март 2010 година, се одржa oбука за изработка на Заедничкиот Меморандум за Инклузија на Република Македонија....
 |
|
Потпишана Програмата за соработка во областа на трудот меѓу Македонија и Франција
Министерствата за труд на Република Македонија и Република Франција ја потпишаа Програмата за соработка за периодот 2009-2011 во областа на трудот, со која продолжува да се имплементира Договорот за билатерална соработка помеѓу двете министерства, потпишан во 2006 година. Оваа Програма претставува продолжение на претходната програма за соработка, која се спроведуваше во периодот 2007 – 2008 година....
 |
|
|
|
|
|
|
|