Право на додаток за глувост

Правото на додаток за глувост се обезбедува за тотално глуво лице со навршени 26 години коешто има потполно згасната слушна перцепција и истото не може да ги задоволи своите животни потреби без толкувач на знаковен јазик. 

Правото на додаток за глувост се остварува врз основа на конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветните специјалности од терцијарна здравствена установа (Универзитетски клиники во Скопје).

Во постапка по жалба против решението на центарот одлучуваат тројца лекари специјалисти од соодветните специјалности од терцијарна здравствена установа (Универзитетските клиники во Скопје) кои не го донеле конзилијарното мислење во прв степен.

Месечниот износ на додатокот  изнесува 4.000 денари, усогласен со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година и истиот се обезбедува од Буџетот на Република Македонија..

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }