Проект за зголемување на бројот  на згрижувачките семејства во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика  во насока на подигнување на бројот на згрижувачките семејства со особен приоритет на тоа дека секое дете треба да ги ужива сите права согласно со потпишаните меѓународни конвенции и постоечката законска регулатива, како и тоа дека потребно е на сите деца без исклучок да им се обезбеди средина најблиска до семејната, започна со спроведување на Проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија, во чии што рамки се спроведува и кампањата ,,На секое дете му е потребно семејство,,. 

 

Актуелна состојба во Република Македонија

Во Република Македонија регистрирани се вкупно 180 згрижувачки семејства во кои се сместени 288 деца без родители и родителска грижа што укажува на фактот дека сеуште не е доволно развиена оваа вонинституционална форма на заштита на деца.  

Kампања ,,На секое дете му е потребно семејство,,

 

Постапка и услови за згрижувачко семејство 

Правото на сместување во згрижувачко семејство, се остварува за лица кои немаат услови за живот во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во згрижувачко семејство. Обликот на заштита на деца без родители и родителска грижа преку сместување во згрижувачки семејства е најсоодветен облик на заштита на децата  бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален  развој во услови најблиски на семејното опкружување.

Повеќе

Поволности за згрижувачките семејства  

Згрижувачкото семејство добива месечен надоместок за трошоците за сместеното дете и надоместок за згрижување.

Надоместокот за трошоците за сместеното дете изнесува 5.000 денари, а надоместокот за згрижување изнесува 1.500 денари.

Надоместокот за трошоците за сместување  на дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст се зголемува за 500 денари. За истиот износ се зголемува и надоместокот за згрижување.  

Повеќе

Каде да се обратите?

 

-на телефонскиот број 15 505

-лично во Центрите за социјална работа и

-на е-маил: zgrizuvanje@mtsp.gov.mk

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.