Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата
Министерството за труд и социјална политика подготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата. Министерството за труд и социјална политика ги известува сите засегнати страни (бизнис-заедницата, невладини организации, здруженија и фондации, физички и правни лица кои на каков било начин можат да бидат засегнати од имплементацијата на предлог-законот што се изготвува) дека можат да ја преземат електронската верзија на предлог-законот и обрасците за Процена на влијанието на регулативата на следниве локации:
Истовремено, Ве известуваме дека Вашите коментари, мислења и сугестии можете да ги доставите на следнава адреса:
Министерство за труд и социјална политика,
ул. Даме Груев бр.14,
1000 Скопје
Односно на e-mail: DPetrusevska@mtsp.gov.mк
Одговорно лице со кое можете да контактирате во врска со Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата е Дарка Петрушевска, државен советник:DPetrusevska@mtsp.gov.mk.
Истовремено, Ве известуваме дека Вашите коментари, мислења и сугестии можете да ги доставите на следниов ОБРАЗЕЦ најдоцна до 15 октомври 2013 година.