19.03.2024

Реакција 

Оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во ЦСР, нема да не поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќала социјална помош и социјални пензии. Овој атак има име и презиме, а јавноста многу добро знае кое е тоа.

После вчерашната прес конференција на повидок излезе грубата партизација на министерството од изминатите министри. Од вчера сме сведоци и на притисоци кон вработени и инспектори да не се доставуваат податоци за откриените злоупотреби. 

Директорите на центрите за социјална работа, кои се поставени од претходните министри на СДСМ, откривањето на противправни исплати на социјална помош го престават како навреда кон вработените. 

Во прес конференцијата во ниеден момент не се потенцира кои се одговорни лица вмешани во овие злоупотреби, туку се посочуваат дека во ова се вклучени повеќе лица кои понатамошните постапки ќе ја утврдат одговорноста.

Почитувани директори на центрите за социјална работа, Доколку се докаже дека по откривањето на овој скандал направите макар еден прекин на социјална помош по основот кој го наведовме, дали ќе ја преземете комплетната одговорност за злоупотреба на исплата на средства на лица кои не исполнувале законски услови со месеци или години назад?

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }