Повик за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст 2016 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток,  детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата  без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2002 до 2007 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и девето одделение и деца корисници на посебен додаток  до 26 години.

Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени од по 6 дена, во некој од зимските туристички центри. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постојат оправдани причини.Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности.Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот. 

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одмаралиштето и обратно ќе биде организиран.

Потребни документи за користење на услугата:

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа. Барањата ќе можат да се поднесуваат до 30.12.2016 година односно до пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на надлежните Центри за социјална работа.Лицата кои ќе ја користат услугата ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }