Министерката Мизрахи во посета на семејството што настрада во пожарот

По големата трагедија што се случи во скопско Шуто Оразари, каде што во пожар кој зафати четири куќи загинаа две дечиња, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи беше во посета на семејството при што изрази сочуство до семејството. 

„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители. Тоа е огромна човечкатрагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е вомоја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед”, изјави министерката Мизрахи. 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на семјството му понуди сместување и еднократна парична помош. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->