Ибрахими на Конференција за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик”

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на Конференцијата за “Социјална инклузија и економско зајакнување на млади во социјален ризик” каде што беа презентирани и разменети искуства за акции насочени кон вработување и социјална инклузија на млади во ризик при што рече дека Владата на Република Македонија во своите заложби за подобрување на состојбата на пазарот на трудот, особено внимание посветува на најранливите категории на невработени лица, пред се младите лица и оние што се во социјален ризик.

“Социјалната инклузија и економското зајакнување на млади во социјален ризик е интегрирано пред се во рамките на бројните оперативни програми и мерки коишто ги спроведуваме години наназад и коишто даваат особени резултати. Една таква мерка е Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик која што има за цел да ги поттикне работодавачите да вработуваат лица во социјален ризик, и тоа корисници на социјална парична помош кои се на возраст помеѓу 16 и 29 години”, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Со оваа мерка, посочи, се опфатени и лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, лицата кои биле корисници на програмата условен паричен надомест за средно образование, како и лицата до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50 проценти од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика.

Потенцира дека значајна мерка е и Програмата за самовработување со кредитирање, Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места, кои како целна група ги има таргетирано младите лица до 29 - годишна возраст.

Додаде дека со цел да се надмине предизвикот со вработувањето на младите на национално ниво се работи на подобрување на усогласеноста на понудата на вештини со барањата на пазарот на трудот, промовирање на отворањето работни места предводено од приватниот сектор и олеснување на преминот на младите лица во светот на работата.

“Министерството за труд и социјална политика смета дека на социјалната инклузија на младите во социјален ризик и нивното економско зајакнување треба да пристапиме сите заеднички и преку заеднички напори да придонесеме за подобрување на севкупната социо-економска благосостојба”, потенцираше министерот Ибрахими.

На конференцијата се разговараше за можностите за вработување и самовработување на млади, за социјалната заштита на младите кои го напуштаат системот на грижа, соработка на сите засегнати страни, и институции од оваа сфера.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }