16.01.2024

Тренчевска: Работата со посветени партнери секогаш вродува со плод

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на средбата со директорот на Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“, Александар Марјановиќ потпишаа меморандум за соработка помеѓу фондацијата и министерството за труд и социјална политика со која е предвидена соработка во делот на обезбедување на компјутери, курсеви за англиски јазик, обуки за компјутерски вештини, помош при вработување и реализација на менторска програма за деца од згрижувачки семејства и деца сместени во установите на министерството.

Ваквата иницијатива беше поттикната на претходни средби помеѓу министерката Тренчевска и директорот Марјановиќ каде беше разговарано за начини на кои може да се поддржат децата кои се сместени во згрижувачки семејства и штитениците на Министерството за труд и социјална политика.

Тренчевска на средбата истакна дека за неа од особена важност се партнерите со кои се поттикнуваат нови иницијативи и истите се доведуваат до реализација, особено кога се работи за иницијативи кои го допираат квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }