13.02.2023

Одржан состанок на националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во улога на претседавач присуствуваше на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство каде беше презентиран Моделот на интегрирано прибирање и анализа на податоци за родово базирано насилство од страна на Јонела Хорга, интернационален консултант и Наташа Бошкова, национален консултант ангажирани со поддршката на УНФПА и Британската амбасада во Скопје.

Исто така беа дискутирани и двата правилници согласно член 28 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

Присутни на состанокот беа претставници на УНФПА, граѓанските организации и Министерството за труд и социјална полтика.

Според презентацијата на Јоана Хорга системот за управување со информации за родово засновано насилство претставува систематски и стандардизиран метод за претворање на податоците во информации коишто се користат за создавање знаења. Таа посочи дека овој систем е еден од суштинските меѓусекторски алатки кои му се потребни на давателите на услуги за следење и оценување на квалитетот и ефективноста на услугите.

Од страна на експертките беше посочено дека овој систем ќе ги брои жртвите на насилство како и сторителите, ќе има регистар на услуги кои се достапни на ниво на државата, резултати како и настани кои се поврзани со родово заснованото насилство.

На крајот од состанокот беше разговарано и за нацрт верзијата на ГРЕВИО извештајот драфтиран од страна на Советот на Европа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }