03.07.2023

Работа во услови на зголемена топлина (Водич/Упатства)-Публикација на Европската агенција за БЗР (EU-OSHA)

Работата во услови на високи температури претставува ризик како за работниците кои работат на отворено, така и за тие што работат во затворен простор во голем број на сектори и дејности. Сериозноста на влијанието на високите температури при работата може да зависи од повеќе фактори, како на пример од локацијата каде се извршува работата, но и исто така и од индивидуалните карактеристики како што се возраста, здравјето на работникот и претходно-постоечките медицински состојби и дијагнози, социо-економскиот статус, па дури и полот. Тие фактори треба се земат предвид при утврдување на конкретните превентивни и заштитни мерки насочени кон справување и ублажување на ризиците од работа во услови на зголемена топлина.

Овој водич на Агенцијата (EU-OSHA) обезбедува практични совети и насоки за тоа на кој начин треба да се управува со ризиците на работните места поврзани со работа при зголемена топлина (при жештина), како и за тоа какви дејствија и мерки треба да се преземат доколку работникот почне да покажува знаци/симптоми на состојби и/или болести предизвикани од изложеност на зголемена топлина.

Работниците во речиси секој сектор можат да бидат засегнати и погодени од зголемувањето на амбиенталната температура на работното место, што може да доведе до зголемување на телесната температура и до повеќе сериозни здравствени проблеми, состојби и болести. Овде секако, спаѓаат работниците кои работат на отворено, но и во многу ситуации и работниците кои работат на работни места во затворен простор, можат исто така да бидат изложени на високи температури.Пр.: работници во градежништвото, земјоделието, шумарството, одржување на јавни површини, поправки и одржување на патишта, рудници, каменоломи, сообраќај, транспорт, поштенски услуги, доставувачи, курирски служби, собирачи на смет/отпад, пожарникари, полиција, војска, ...  работници во кабини на машини/механизација без или со слаба вентилација (пр. кранови и сл.), работници во топилници, железарници, стаклари, работни места во близина на печки, фурни, котли, работници во кујни на ресторани, чистачи, работни места каде има зголемено присуство на топлина итн.

Секаде каде што постои веројатност од појава на висока температура (топлотен стрес) на работното место, работодавачот е обврзан да го процени ризикот по вработените. Проценката на ризик треба да овозможи да се утврди колку е сериозен ризикот; дали постојните контролни мерки се ефикасни; какви активности/мерки треба да се преземат за да се контролира ризикот; и колку итно треба да се преземе акција.

Ризикот од топлотен стрес на работното место може да се намали преку преземање, пред се на технички и организациски мерки, и со утврдување на акционен план за топлина, доколку е можно, во комбинација со систем за рано предупредување кој може да генерира предупредувања за појава на зголемена топлина.Спроведувањето на безбедни работни практики за ограничување на изложеноста на топлина при работа бара прво проценка на ризиците, а потоа и спроведување на хиерархијата на контролите. Ова значи да се воведат контролни мерки за прво да се елиминира ризикот и ако тоа не е можно, да се минимизира изложеноста на работниците.

 

За повеќе и подетални информации за оваа тема, консултирајте го Водичот на Европската агенција за БЗР:


Погледнете го и новото NAPO видео за работа во услови на топлотен бран:


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }